„Ниту еден од победниците во групите нема да сака да се соочи со ПСЖ“

„Ниту-еден-од-победниците-во-групите-нема-да-сака-да.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, по пласманот во осминафиналето, во Лигата на шампионите изјави дека неговиот тим во февруари ќе биде многу посилен.

ПСЖ синоќа одигра 1:1 на гостински терен со Борусија Дортмунд, во последното коло од групата Ф и го освои второто место, пред Милан и Њукасл.

„Многу сум среќен… Поминавме една тешка група. Ова само ќе ни помогне да напредуваме. Задоволен сум од односот на мојот тим. Ќе бидеме многу посилни во февруари”, изјави Енрике.

Тој изјави дека на почетокот на натпреварот не го гледал резултатот од натпреварот во Њукасл.

„Целта беше да го добиеме нашиот натпревар, тоа го кажавме во соблекувалната на полувремето. Да размислувавме за вториот меч, ќе беше катастрофа“, изјави Енрике и додаде:

„Во 80. минута знаевме дека Милан води и дека тој резултат не носи во осминафиналето. Ги замолив играчите малку повеќе да ја контролираат топката, да ризикуваат помалку и да ја искористат можноста доколку ни се појави. Сакавме да завршиме со победа“, додаде тој.

ПСЖ сега ја чека ждрепката за осминафиналето закажана за в понеделник. Францускиот тим ќе игра со еден од победниците на групите, не може да се сретне само со Борусија Дортмунд.

„Мислам дека ниту еден победник во групите нема да сака да се соочи со ПСЖ. Ќе бидеме многу посилни во февруари“, изјави Енрике.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK