Вчера, по добиена судска наредба, извршен е претрес во домот на 61-годишниот Р.Ј. од Охрид, извести МВР.
„Притоа, полициските службеници пронајдоа и одзедоа 107 куршуми, различен калибар кои, нелегално ги поседувал“, велат од МВР.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.