Битиќи на средба со претставници на ИФЦ од групацијата на Светска банка за поголема поддршка на приватниот сектор во Македонија

Битиќи-на-средба-со-претставници-на-ИФЦ-од-групацијата-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, оствари средба со делегација на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) во состав на Рана Карадшех – Директорка за Европа, Николас Маркиер – Регионален менаџер за Западен Балкан, како и претставникот за Косово и Северна Македонија, Висар Перани.


Вицепремиерот Битиќи, ја искажа неговата благодарност за интересот на ИФЦ да го развие приватниот сектор во Северна Македонија.

На состанокот се разговараше за начините на соработка меѓу Владата на Северна Македонија и ИФЦ во делот на реализација на проекти кои се од интерес на нашата земја преку поддршка на приватниот сектор за подобрено снабдување со електрична енергија и олеснет пристап до финансии.

Вицепремиерот Битиќи на средбата ги охрабри претставниците на Меѓународната финансиска групација, ИФЦ, активно да ја следат се поинтензивната регионална соработка помеѓу државите на Западен Балкан, при што нивната поддршка би била од огромно значење во помагање на заедничкото настапување на регионот на европските и светските пазари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK