(Видео) Трагедија: Гром усмрти фудбалер на натпревар во Бразил, четворица се повредени

Видео-Трагедија-Гром-усмрти-фудбалер-на-натпревар-во-Бразил-четворица.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Тажна вест доаѓа попладнево од Бразил. Младиот фудбалер, 21-годишниот Кајо Енрике де Лима Гонсалвеш настрада откако го удри гром на натпревар во Санто Антонио да Платина.


Беше дел од аматерскиот фудбалски клуб од Жапира во регионот Парана. Покрај него, од гром се повредени уште четворица фудбалери. Навивачите го снимија моментот кога се случи страшниот инцидент, пренесува Глобо.

Младиот Кајо играше за Униао Жапиренсе, а неговиот роден град упати сочувство до семејството на настраданиот.

– Големиот љубител на фудбалот, Кајо Енрике почна да се занимава со овој спорт на училиште во нашата општина, каде што го пронајде својот талент и низ кариерата во младоста успеа да се истакне на различни начини претставувајќи ја Жапира на најдобар начин, пишува во пораката.

Сè се случи во неделата во 17:30 часот по локално време на стадионот „Хозе Елетерио да Силва“. Пред почетокот на натпреварот врнеше силен дожд, а натпреварот се играше во рамките на регионалниот аматерски фудбалски куп.

Според локалните медиуми, играчот веднаш бил пренесен во ургентниот центар, но не преживеал. Тројца други фудбалери се задржани во болница со изгореници. Ударот на гром остави огромна трага на фудбалскиот терен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK