– Живеењето по теркот на светските метрополи што го нуди „Diamond of Skopje” предизвика голем интерес на пазарот на недвижности, поставувајќи нови повисоки стандарди. Причина за тоа е новиот концепт на домување, со висока додадена вредност, што го нуди мултифункционалниот комплекс „Diamond of Skopje”, кој го гради „Лимак Скопје“ на атрактивна локација во центарот на градот.
Становите во две од четирите висококатници, односно блок А и Б, се целосно продадени и делумно вселени. Продадени се и над 50 % од становите во блок Ц, а продажбата на апартманите во последната кула или блок Д, за која веќе има голем интерес, се очекува да биде целосно завршена до крајот на идната година.
Најголемиот дел од купувачите на становите се од земјата или македонци кои живеат и работат во странство, но има и странски државјани од Словенија, Швајцарија, Холандија, Турција и САД. Странците повеќе преферираат станови на повисоките катови, додека домашните купувачи повеќе се одлучуваат за становите лоцирани на пониските катови.
Покрај одличниот квалитет на градбата на становите во „Diamond of Skopje”, големиот интерес се должи и на атрактивните содржини што се уникатни во градот, па и пошироко. Сопствениците на станови имаат можност за користење повеќе содржини кои се достапни во рамки на Д-плус концептот. Тоа се наменски добро опремени простории за видео игри, караоке, приватно кино, локации за забави, за вежбање пилатес и слично.
За одржување на заедничките простории формирана е посебна компанија, која е непрофитна, а нејзина задача е да се грижи за сите колективни сегменти на домувањето во комплексот, како техничко одржување, 24-часовно обезбедување, одржување хигиена и зеленило, отстранување отпад и слично, за што сопствениците на становите издвојуваат месечен надомест.
Д – плус концептот не е единствен адут на станбениот дел во „Diamond of Skopje”. Имено, при изградбата на станбените кули се применети највисоките стандарди во градежништвото. Тие имаат висока топлинска и УВ изолација поради употребата на алуминиумски рамки и двослојно калено стакло за вратите и прозорците, со што се постигнува и заштеда на енергија. Покрај тоа, со користење на лесни бетонски блокови обезбедена е висока звучна изолација, а надворешната изолација од природни материјали обезбедува висок степен на заштеда на енергија.
Сите станови се опремени со кујнски мебел и ентериер во бањата, при што се користени елементи кои заштедуваат вода и електрична енергија. Комплексот има втора по големина зелена површина во градот од околу 11.000 квадратни метри, која ќе овозможи простор за одмор, спорт и рекреација во урбана средина, задоволувајќи ги потребите за современ начин на живеење.
Интересот за купување на станови го зајакна и отворањето на „Diamond Мall“, бидејќи новиот трговски центар со својот уникатен концепт на „лајф-центар“ нуди дополнителни содржини кои му даваат нова димензија на урбаното живеење во комплексот. Покрај делот за шопинг со 150 продавници и еден од најголемите супермаркети, во „Diamond Mall“ се сместени и „Гурманската Авенија“ (Gourmet Avenue), каде што се лоцирани различни ресторани и кафулиња и „Зоната на соништата“ (Dream Zone), најголемиот едукативно-забавен центар за деца и млади.
„Diamond of Skopje“ е сочинет од повеќе целини кои меѓусебно се надополнуваат. Четирите станбени блока располагаат со вкупно 772 стана, а покрај трговскиот центар „Diamond Mall“, дел од комплексот е и хотел со пет ѕвездички – „Limak Skopje Luxury Hotel“. „Лимак Скопје“ е дел од Групацијата „Лимак“, која со своите деловни активности е присутна во повеќе од 17 земји во светот, со повеќе од 60.000 вработени кои работат во неколку сектори: градежништво, енергетика, туризам, инфраструктура и други дејности.
За дополнителни информации: ImagePR, тел. (02) 3290 486; [email protected]