Најголем хакерски напад врз Украина од почетокот на војната: прекинати врски низ целата земја

Најголем-хакерски-напад-врз-Украина-од-почетокот-на-војната-прекинати.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Системот на најголемиот мобилен оператор во Украина беше срушен денеска во невиден сајбер напад, а украинската разузнавачка агенција СБУ соопшти дека е можно да се работи за операција на руски специјални служби.


„Една од верзиите што СБУ во моментов ја истражува е дека руските специјални служби можеби стојат зад овој хакерски напад“, се вели во писменото соопштение испратено до Ројтерс.

„Утрото на 12 декември, Киевстар беше цел на моќен хакерски напад кој предизвика технички проблеми“, објави компанијата на X. Телефонските и интернет конекциите беа прекинати низ целата земја, а недостапна беше и веб-страницата на операторот.

Компанијата им кажа на корисниците дека нивните податоци не паднале во погрешни раце и им препорача да се префрлат на мрежи на други оператори, што е можно да се направи по руската инвазија пред 21 месец. Засега не е познато од каде се извршени нападите.

Киевстар има 24 милиони корисници, а поранешниот американски државен секретар Мајк Помпео е во надзорниот одбор од ноември. Во меѓувреме, украинската банка Монобанк објави дека била и цел на хакерски напад, а технички проблеми пријавил и вториот по големина мобилен оператор Водафон.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK