АСОМ: Ја поздравуваме одлуката на Пендаровски дека нема да потпише неевропски Закон за игри на среќа

АСОМ-Ја-поздравуваме-одлуката-на-Пендаровски-дека-нема-да-потпише.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

АСОМ ја поздравува одлуката на претседателот на државата, Стево Пендаровски дека нема да го потпише Законот за игри на среќа, кое владеачкото мнозинство сака да го донесе злоупотребувајќи, европско знаменце.


„Претседателот Пендаровски, има оправдан став, бидејќи владечките партии во Собранието форсираат закон спротивно на европската директива. Како Асоцијација досега повеќе пати информиравме дека новите предлог-измени ќе предизвикаат непоправливи економски штети за целата држава бидејќи ќе придонесат за затворање на една стопанска дејност, која во буџетот годишно носи прилив над 280 милиони евра, дирекно вработува повеќе од 10.000 луѓе, а индирекно од работата зависат повеќе од 54.000 вработени. За нас апсолутно се неприфатливи предлог-измените, кои предвидуваат дислокација на објектите, забрана за приредување игри на среќа на интернет за лиценцираните приредувачи, како и зголемување на давачките и надоместоците“, велат од АСОМ.

Според нив, местото на овој закон не е во Комисијата за европски прашања и се прави сè овој неевропски закон насила да се истурка.

„Дека нашиот став е издржан и правилен, потврдува и претседателот на државата, Стево Пендаровски. Уште еднаш предупредуваме и бараме итно повлекување на законот, доколку надлежните не ги послушаат нашите апели подготвени сме на масовни протести и сериозна борба со цел да ја спречиме тенденциозната ликвидација на легалната индустрија на игри на среќа“, додаваат од АСОМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK