Меџити: Раскинат договорот за кичевската болница, наскоро тендерот за доградба на штипската болница

Medziti.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити на новинарско прашање кога ќе се раскине договорот за кичевската болница одговори дека веќе е раскинат, отприлика пред 2 недели.


„Се шпекулираше цело време дека нема да се раскине тој договор – веќе е раскинат, отприлика пред 2 недели, така како што се заложивме од првиот ден со кабинетот кажавме дека сите спорни прашања, сите спорни проекти во здравство што не се градат со децении, која голгота беше кичевската болница 33 години. Како што знаете со штипската, ги решаваме сите отворени и спорни прашања, така и со кичевската – веќе е раскинат. Тоа што можам да споделам со вас или пред нова година или после нова година зависи од процедурите ќе биде објавен и тендерот за доградбата за штипската клиничка болница, така ќе продолжиме и со кичевската болница“, рече Меџити.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK