Приведен бегалец од затвор баран со потерница

lisici1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 22 часот на улицата „Антон Попов“ во Скопје, полициски службеници од Оперативниот тим потраги при СВР Скопје и од Полициската станица Драчево го лишија од слобода 48-годишниот Љ.С. од Куманово, извести МВР.


Тој бил баран по две централни потерници, врз основа на наредба од Казнено-поправната установа „Затвор Куманово“ за доиздржување 10 месеци затворска казна, а бил осуден на 2 години 10 месеци за сторени кривични дела по член 236 и член 206 од Кривичниот законик и врз основа на наредба од Основниот кривичен суд Скопје за издржување на казната затвор од две години за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK