Русите го нападнаа Киев со проектили, делови од ракета паднале врз зграда, има и повредени

Кличко им порача на граѓаните да останат во засолништа
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Русија изврши воздушен напад врз Киев во текот на ноќта, а остатоци од собореното оружје паднаа во неколку области, при што беа повредени најмалку две лица и оштетена станбена зграда, соопштија денеска властите во главниот град на Украина.



Виталиј Кличко, градоначалникот на Киев, на апликацијата за пораки Телеграм изјави дека маж и жена се здобиле со рани од шрапнели во областа Дарницки во југоисточниот дел на градот.

Тој додаде дека итните служби биле испратени во областа Холосивски во југозападниот дел на Киев, каде дел од проектилот удрил во покривот на станбена зграда, предизвикувајќи пожар кој веднаш бил изгаснат. Серхи Попко, шеф на градската воена управа на Киев, на Телеграм рече дека системите за противвоздушна одбрана „собориле непријателски цели“, што исто така сугерира дека Русија го нападнала Киев со проектили.

Очевидци на Ројтерс слушнале неколку силни експлозии веднаш по 4 часот наутро. Сè уште не се познати размерите на нападот и целосниот обем на штетата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK