Лажен профил на ФБ во срамната група „Правда за Палчо, правда за Вања, правда за Панче, правда за Македонија“ каде се шират теории на заговор и се бара ослободување на Љупчо Палевски, првоосмничен дека ги убил Панче и Вања, повикува на протести и немири денеска. Во ФБ статусот тој ги повикува граѓаните да се соберат пред американската амбасада во 16 часот и најавува блокади на повеќе улици. Протестот не го пријавил во МВР, иако тоа е законска обврска.
Профилот потпишан како „Ѓоре Ајтов“ повикува на бесење на министерот за внатрешни, Оливер Спасовски, што исто така е казниво дело. Бара ослободување на сите осомничени кои се товарат дека го убиле Панче, му ја украле колата и со истата ја киднапирале и убиле Вања.
Лажниот профил е заклучен, па не се достапни никакви објави. Означен е само дека живее во Белгија.
За утринава беше најавен протест „Правда за Вања“ во 10 часот спроти зградата каде што живеат мајката и сестрата на Вања. Таму се појавија само петмина.