(Видео) Сантос по 111 години испадна од Серија А

santos
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Бразилскиот великан Сантос, прв пат во 111-годишната историја испадна од Серија А. Сантос во последното коло не успеа да слави на домашен терен против Форталеза. Поразот на славниот клуб го искористија Бахија и Васко де Гама, тие победија и се спасија од испаѓање.


 

Хуан Лусеро постигна гол во 96.минута за 1:2 и го исфрли клубот, чие име го прослави Пеле, во Серија Б.

Фудбалерите на познатиот клуб плачеа на теренот, солзите не можеа да ги сокријат ниту луѓето од клупата, плачеа навивачите на трибините.

Надвор од стадионот Урбано Калдеира, радикалните навивачи, разочарани од неуспехот, рушеа се пред себе.

Во текот на ноќта гореа улиците околу стадионот во населбата Вила Белмиро, а густиот чад можеше да се забележи од Сао Паоло.

Инаку, титулата во Бразил ја освои Палмеирас. „Зелените“ ја освоија четвртата титула во последните седум години. Со 12 шампионски трофеи Палмеирас е најуспешниот бразилски клуб, зад него е новиот второлигаш Сантос со осум.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK