СВР Охрид поднесе кривична пријава против 43-годишниот А.Н. од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“, извести МВР.
– На 24.12.2018, во својство на раководител на заеднички служби на ЈЗУ Општа болница – Охрид, пријавениот лично за себе прибавил корист на начин што направил службена исправа со невистинита содржина, при што внел невистинити податоци во Правилникот за систематизација на работните места во ЈЗУ Општа болница – Охрид и ги употребил во службата како вистинити, а на штета на буџетот на Министерството за здравство на РСМ, соопшти МВР.