Дрон на нигериската армија по грешка падна на муслимански фестивал, загинаа 85 цивили

Дрон-на-нигериската-армија-по-грешка-падна-на-муслимански-фестивал.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најмалку 85 цивили биле случајно убиени во напад со беспилотно летало на нигериската армија во село во северозападната држава Кадуна, потврдија службите за итни случаи, пишува Гардијан.



Претседателот Бола Ахмед Тинубу денеска нареди истрага откако војската призна дека еден од нејзините беспилотни летала случајно го погодил селото Тудун Бири во неделата додека жителите присуствувале на муслимански фестивал. Армијата не даде податоци за жртвите, но локалните жители изјавија дека загинале 85 луѓе, од кои многу жени и деца.

„Северозападната зонска канцеларија доби информации од локалните власти дека досега се закопани 85 мртви тела, додека потрагата се уште е во тек“, соопшти Националната агенција за управување со вонредни состојби. Агенцијата додаде дека уште 66 лица се згрижени во болница, а службениците за итни случаи преговараат со водачите на заедницата за да ги смират тензиите и да стигнат до селото.

„Претседателот Тинубу го опишува инцидентот како многу несреќен, вознемирувачки и болен, изразувајќи бес и тага поради трагичната загуба на нигериските животи“, се вели во соопштението на претседателството.

Вооружените сили на Нигерија често се потпираат на воздушни напади за борба против таканаречените бандитски милиции во северозападниот и североисточниот дел на земјата, каде што џихадистите се борат повеќе од една деценија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK