Заменик-лидерот на Хамас, Салех Ал-Арури, изјави за телевизиската мрежа Ал Џезира дека нема да има размена на затвореници со Израел додека не дојде до прекин на огнот во Газа. Аури рече дека заложниците кои ги држи Хамас се израелски војници и цивили кои работеле во израелската армија.
Тој изјави дека нема да бидат ослободени додека не дојде до прекин на огнот и не се ослободат сите палестински затвореници.
„Војната нека си го земе својот тек. Оваа одлука е конечна. Нема преговори околу неа“, дециден е Арури.
Палестинското Министерство за високо образование во саботата објави дека палестинскиoт научник Суфјан Таје и неговото семејство биле убиени во израелски воздушен напад врз градот Ал-Фалуџа, 30 километри североисточно од градот Газа.
Таџех, ректор на Исламскиот универзитет во Газа, беше водечки истражувач во областа на физиката и применетата математика.