Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Хамас не се согласил да ослободи дополнителни заложници, со што ги прекршил условите од прекинот на огнот и дека Израел останува посветен на остварување на своите цели, пишува Гардијан.
„Хамас не ги ослободи сите заложници, како што беше договорено. Исто така, лансираше ракети кон Израел. Борбите продолжуваат. Израелската влада е посветена на постигнување на целите на војната: ослободување на заложниците, елиминирање на Хамас и обезбедување Газа никогаш повеќе да не претставува закана до народот на Израел“, се вели во соопштението од кабинетот на Нетанјаху.