Во квалификациите за СП во 2026 Македонија може да биде во група со Хрватска, Србија и Косово

Во-квалификациите-за-СП-во-2026-Македонија-може-да-биде.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Foto/ EPA



Квалификациите за пласман на Светското првенство во 2026 година ќе се играат од март до ноември 2025 година. Прв пат на Мундијалот во Канада, САД и Мексико ќе учествуваа 48 репрезентации. Поради тоа во европската зона ќе биде малку сменет системот на квалификации. Како што сега стојат работите, репрезентацијата на Македонија на ждрепката ќе биде во третиот шешир.

Европа на Мундијалот во 2026 година ќе биде застапен со 16 репрезентации. На ждрепката ќе бидат извлечени 12 групи, шест со по шест и шест со по пет репрезентации. Директен пласман на СП ќе изборат победниците на групите, додека плеј-офот ќе играат четирите најдобри победници во групи во Лигата на нации кои нема да изборат место во баражот преку квалификациите и 12. второпласирани селекции во квалификацискиот циклус.

Ќе бидат поделени во четири сегменти (А, Б, Ц и Д), ќе се играат полуфинални и финални дуели, по што ќе бидат познати и последните четири репрезентации од Европа кои ќе учествуваат на СП во 2026 година.

Квалификациите ќе се играат во март, јуни, септември, октомври и ноември 2025 година.

Квалификациските групи ќе бидат извлечени во ноември идната година, а составот на шеширите ќе биде одреден според ФИФА рејтингот. Доколку ждрепката би се одржала утре, Македонија би била во третиот шешир заедно со Грција, Словенија, Финска, Ирска, Албанија, БиХ, Грна Гора, Исланд, Израел, Грузија.

Интересно, кога ќе се погледнат составите на шеширите во овој мометн Македонија би можела да извлече група составена од селекции од поранешна Југославија, со Хрватска како носител, Србија од вториот и Косово од четвртиот шешир.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK