Израел: Ослободувањето на заложниците нема да започне пред петок

Израел-Ослободувањето-на-заложниците-нема-да-започне-пред-петок.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Првите израелски заложници кои ги држеше Хамас во Појасот Газа нема да бидат ослободени до петок, изјави претседателот на израелскиот Совет за национална безбедност, Чахи Ханегби, откако израелските и претставниците на Хамас соопштија дека привременото примирје и договор за размена на заложници ќе стапи на сила утре наутро.


„Преговорите за ослободување на нашите заложници постојано напредуваат. Ослободувањето ќе започне во согласност со пробниот договор на страните, а не пред петок“, рече Ханегби, а пренесува „Тајмс оф Израел“.

Високиот функционер на Хамас Муса Абу Марзук претходно изјави дека договорот за привремено примирје и размена на заложници ќе стапи на сила денеска во 10 часот, што на новинарите неколку часа подоцна им го потврди и висок израелски функционер, кој побара да остане анонимен.

Хамас и Израел со посредство на Катар постигнаа договор за привремено примирје и размена на 50 израелски заложници киднапирани на 7 октомври за 150 Палестинци кои моментално се наоѓаат во израелските затвори.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK