Границата меѓу Косово и Србија е без контрола, се шверцуваат оружје и дрога, НАТО да ги зголеми трупите, побара Еди Рама

Границата-меѓу-Косово-и-Србија-е-без-контрола-се-шверцуваат.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Албанскиот премиер Еди Рама на денешниот неформален состанок на лидерите на НАТО во Скопје побара поголема контрола на границата меѓу Косово и Србија. Нагласи дека трагичниот настан во кој живото го загуби полицаец не смее да се повтори и треба да се сфати како наговестување, а не спорадичен настан па токму поради тоа побарал да се зголеми бројот на НАТО силите.



„Укажав на неопходноста да се зголеми бројот на силите на НАТО во Косово и на неопходноста да се гарантира границата меѓу Косово и Србија, граница која фактички е надвор од контрола и е во служба на илегални активности. Шверцување оружје, наркотични средства и активности кои што во понатамошниот тек се мешаат, како што знаеме сите, со политичката активност, со ултанационалистичка позадина, а кои предизвикуваат големи пореметувања како што се случи настанот во Бањска каде што припадник на косовската полиција го загуби животот. Со овој настан излезе на виделина големиот потенцијал од дестабилизација и ескалација“, рече Рама и нагласи дека решение Косово и Србија треба да бараат преку дијалог кој ќе го посредува Европската унија.

Албанскиот премиер смета дека границата меѓу Косово и Србија е извор на „многу лоши нешта“ и место од каде што се пробиваат поединци и групи кои имаат цел да предизвикаат дестабилизација на Косово. Рама потсети дека безбедноста на Косово е исклучително важна оти целиот регион е мултиетнички, мултирелигиозен и подложен на влијанијата од војните во Украина и во Израел. Според Рама, евроатлантскиот правец и тренд на Косово е несомнен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK