Измамник од Скопје телефонски нудел автомобили, храна, превоз, превод и собрал 529.650 илјади денари од 11 лица

Измамник-од-Скопје-телефонски-нудел-автомобили-храна-превоз-превод-и.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полицијата поднесе кривична пријава против 36-годишен скопјанец поради бројни измами со кои довел во заблуда 11 лица и им зел вкупно 529.650 денари за помалку од една година.


Како што објави МВР,  Б.А.(36) од Скопје, се сомничи за 11 кривични дела, од кои осум кривични дела „измама“ и три „измама во обид“.

„Пријавениот, во период 13 јануари до 30 октомври 2022, измамите ги вршел преку мобилен телефон, при што од оштетените противправно присвоил пари во висина од 529.650 денари. Пријавениот довел во заблуда и измамил 11 физички лица, така што лажно се претставувал и нудел разни услуги при купопродажба на возила, купување градежни материјали, прехранбени производи, превоз на стока, превод на документација и слично“, велат од полицијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK