Вистината е многу горчлива за оние кои не се навикнати да ја прифаќаат, но уште погорка за оние кои сакаат да ја манипулираат и да ја наметнат на другите, реагираат од Општина Тетово за случувањата поврзани со изградбата на крстот на Попова Шапка.
Потсетуваат на ветувањето од пред неклоку дена, дека состојбата со поставување на крстот на Попова Шапка, ќе ја разјаснат со факти.
Факти, за кои, како што велат, ќе ги откријат измамите на ДУИ и нејзините соработници СДСМ – ВМРО.
Според материјалите од општината, историјата на изградбата на крстот започнала во 90-тите години, кога земјиштето кое е сопственост на црквата било пасиште дадено на користење на Претпријатието за стопанисување со пасиштата, но својот врв го достигнува кога ДУИ доаѓа на власт.
„Историјата започнува од 2004 година. Во оваа година формирана е парцела од 10.887 м2 која му е дадена на Манастирскиот комплекс.
Потоа, во 2009 година, имотот е префрлен директно на Православната црква со седиште во Скопје.
Овие постапки се одвивале далеку од мислењето и очите на граѓаните на Тетово. Замислете, во 2018 година решението било запишано во Катастар, а било однапред донесено на 18.06.2012 година од страна на единицата за имотно правни работи, која е во состав на Министерството за финансии во Тетово, што резултирало со приватизација на земјиштето од 10.889. м2 и два објекта: црквата и камбанаријата. Со ова Црквата станува сопственик на земјиштето и на двата објекта.
И покрај тоа што земјиштето е приватизирано, тука ништо не е завршено, на 19 мај 2021 година, односно пред да се одржат избори и ДУИ и Теута Арифи да доживеат дебакл во Тетово, направено е и пренасочување на целото земјиште во катастарот, од земјиште за пасишта се трансформира во градежно земјиште.
Значи, по повеќе од две децении работа со православната црква, земјиштето се дава, се пренаменува за градба, објектите се легализираат, и последно беше поставувањето на крстот“, појаснуваат во информацијата од Општина Тетово.
Ова според нив значи дека историјата покажува дека има договор меѓу ДУИ, СДСМ, ВМРО на Црквата да и се даде земјиште на експлоатација, потоа да се продава по смешни цени, да се гради на црно и потоа, ДУИ само да го приватизира.
Според нив тоа е дволичност на ДУИ и нејзините пријатели.
„Ќе се обидат да им штетат на интересите на граѓаните на Тетово, да поттикнуваат омраза и политичка предност, но пилата веќе им заглавила во ноктот, нема да можат“, велат од Општина Тетово.