Бебе без знаци на живот донесено во тетовската Клиничка болница, полицијата го расчистува случајот

Бебе-без-знаци-на-живот-донесено-во-тетовската-Клиничка-болница.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вработена на Одделението за педијатрија во тетовската Клиничка болница вчера во 9 часот и 45 минути во СВР Тетово пријавила дека на 9-ти овој месец околу 7 часот женско лице од Република Косово донело шестмесечно бебе без знаци на живот, кое лекарите од ова Одделение се обиделе да го реанимираат, но не успеале во тоа и констатирале негова смрт, извести СВР Тетово.


„Женското лице од Косово потоа го зело бебето и медицинската документација и заминало одбивајќи да се изврши обдукција. Во координација со јавен обвинител се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот“, соопшти СВР Тетово.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK