Левица: Ќе ставиме крај на диктатурата на широката коалиција

Левица-Ќе-ставиме-крај-на-диктатурата-на-широката-коалиција.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Пред свршен чин, кога станува јасно дека сите политички партии на олигархијата ДПМНЕ-СДС-ДУИ дејствуваат координирано и останатите партии во Собранието учествуваат во орото кое тие им го свират, кога стана јасно дека во институциите преку Левица е претставена народната волја која се попречува на владеењето на овие бизнис-партии – со вчерашното носење на новиот Деловник во Собранието се формализираше диктатурата на широката коалиција“, велат од Левица.


„Овој режим на СДС-ДПМНЕ-ДУИ, кој ги уништи сите аспекти од општествениот живот и ја турна Македонија да робува на секакви бизнис зделки и великодржавни апетити – кој ги аболицираше функционерските криминали и го пороби обичниот народ, за олигарсите од раководствата на партиите да владеат непречено и да се богатат, сега веќе и со интервенции во правниот и политички систем на Република Македонија го задава последниот удар врз привидот за слобода и владеење на народот.

Македонскиот народ, под деценискиот притисок на овие човекојадци од СДС-ДУИ-ДПМНЕ го пронајде во своите редови оружјето со кое ќе се одбрани од оваа ламја со три глави – преку партијата на народните маси Левица, во антифашистички и народен фронт спремен за финална пресметка. Сите велепредавници кои ја овозможуваат и ја продлабочуваат диктатурата на анти-македонската политичка олигархија, ќе се соочат со безмилосен крај кој ќе ги стави зад решетки овие ѕверови кои ја пијат крвта на обичните луѓе“, соопшти Левица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK