(Видео) Израелските деца ги налутија Палестинците со песна: „Дали вака ги воспитуваат своите деца?

Видео-Израелските-деца-ги-налутија-Палестинците-со-песна-„Дали-вака.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Израелската организација која себеси се нарекува Граѓански фронт предизвика контроверзии на социјалните мрежи со продуцирање песна во која децата го слават „уништувањето“ во Газа и велат „ништо нема да остане таму“ за една година.


Наводно, снимката содржи деца евакуирани од заедниците во близина на Појасот Газа, а песната е на удар на критики во Израел и во странство поради текстот, како и фактот дека ја пеат деца.

Видеото е почит на класичната израелска поема HaReut (Заедништво), напишана од поетот Хаим Гури за настаните од Војната за независност во 1948 година. Оригиналната верзија на песната е нежна ода за оние изгубени во ужасите на војната, пишува „Тајмс оф Израел“.

Новата верзија, од друга страна, има многу помилитантен тон, содржи реплики како „ИДФ ја минува границата за да ги елиминира носителите на свастика“, „Ќе ги избришеме сите“ и „Ќе му покажеме на светот како ги уништуваме нашите непријатели“.

Клип од песната беше споделен од пропалестинските активисти на социјалните мрежи со коментари: „Израелските деца пеат геноцидна песна за Газа“ и „Вака ли ги воспитуваат своите деца?“. Во Израел некои корисници ја поздравија новата верзија, но повеќето реакции беа крајно негативни.

Веројатно и самиот Гури, кој цел живот беше левичарски активист, ќе беше незадоволен од новата верзија на песната. „Навистина се надевам дека неговите наследници… ќе тужат и ќе ве натераат да ја избришете оваа работа“, напиша еден корисник на Твитер.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK