Млад штипјанец пукал кон сограѓанин поради долгови

Ужас-во-Србија-маж-пукал-во-љубовницата-па-ја-убил.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Штипјанец на возраст од 21 година е приведен во полицијата, бидејќи се сомничи дека со пиштол пукал кон негов сограѓанин, но не го погодил.


Од МВР велат дека причината биле  нерасчистени должничко – доверителски односи.

Од приведениот биле одземени пиштол „Зораки мод 914″ и една рамка за куршуми, а при увидот на местото биле пронајдени три чаури калибар 9 мм. Исто така, при претрес во неговиот дом биле пронајдени и одземени повеќе од 70 куршуми различен калибар.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK