Шеесет и осумгодишна жена од Аеродром го пријавила својот сосед дека физички ја нападнал.
„На 19 ноември во 12.06 часот во Полициската станица Аеродром, В.Ј.(68) од Скопје пријавила дека на подрачје на Аеродром, во зградата каде што живеела, била физички нападната од соседот Б.П.(36) од Скопје“, информираа од МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.