Новото IQOS ILUMA портфолио претставено на екслузивен настан за корисници

Photo 3
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера, на ексклузивен настан, официјално, за првпат беа претставени најновите иновативни уреди на Philip Morris International, IQOS ILUMA, кои користат индукциска технологија за загревање на тутун. Уредите од портфолиото ќе бидат достапни на македонскиот пазар од 20.11.2023, понеделник.

Со настапите на Џијан Емин, Francesco Tristano и Magical Orchestra, DJ Yelisaveta и DJ Tebra, бројни присутни претставници од светот на бизнисот и медиумите први имаа можност да го видат овој иновативен производ, за кој корисниците на IQOS, досега мораа да одат во странски земји.


 

„Технологијата и секако комуникацијата со нашите корисници ни овозможуваат да создаваме нови и подобри производи кои се алтернатива на цигарите. Нашата посветеност на иновациите е во сржта на корпоративната мисија на компанијата Philip Morris да изгради иднина без чад, а новата IQOS ILUMA претставува важен чекор во нашите напори да го забрзаме намалувањето на традиционалното пушење на глобално ниво. Истражувањето на пазарот спроведено од PMI покажува дека овие уреди со унапредена технологија обезбедуваат подобрено искуство во споредба со претходните генерации на IQOS производи“, рече Иван Костиќ, Генерален директор на Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп во неговиот говор, за време на најавата за претставувањето на самите уреди.

Дополнително, на самиот настан, портфолиото беше презентирано како следно ниво за сите корисници, од страна на Јана Дурнева, Менаџер за маркетинг и дигитални решенија во Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп. Овој уред за загревање има технологија на индукциско загревање, без сечило, што значи дека не треба да се чисти. Технологијата обезбедува рамномерно загревање, што овозможува помалку непријатни мириси, без остатоци од тутун и без пепел и чад. Дополнително, портфолиото доаѓа и со голем број додатоци, а вклучени се и „паметни гестови“ за проверка на полнењето на батеријата и бројни паметни функции за дополнително заклучување на држачот.

Само два дена по претставувањето на настанот, корисниците на IQOS ќе можат да изберат и купат еден од трите уреди IQOS ILUMA, базирани на истата технологија на загревање, која не согорува, намалувајќи го нивото и количината на штетни и потенцијално штетни материи до 95 проценти во просек, во споредба со цигарите. Иако содржи никотин кој предизвикува зависност и носи одредени ризици, тој е подобра опција, поедноставен и технолошки посигурен производ за возрасните пушачи, кои инаку би продолжиле да пушат.

На глобалниот пазар, производите без чад на Филип Морис се продаваат на повеќе од 82 пазари. Денес, над 27 милиони возрасни пушачи ширум светот се корисници на IQOS, од кои 72% целосно се откажале од пушењето или повеќе од 19.7 милиони луѓе. Повеќе за технологијата без чад можете да дознаете на: PMI Science | Philip Morris International.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK