Вчера околу 15 часот на улица „120“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода 43-годишниот А.Х. и 46-годишниот Џ.Ш. од Тетово, извести МВР.
„Тие претходно на улица „Благоја Тоска“ во Тетово не застанале на нивна наредба и со возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки продолжиле да се движат кон улица „121“. Бегајќи од полициските службеници тие оштетиле товарно моторно возило „форд транзит“ со тетовски ознаки, а еден од полициските службеници испукал во воздух два предупредувачки куршуми за да застанат“, соопшти МВР.
Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе им бидат изготвени поднесоци.