Четворица државјани на Кина затекнати кај грчката граница, влегле нелегално во Македонија

Четворица-државјани-на-Кина-затекнати-кај-грчката-граница-влегле-нелегално.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера попладне во 13.00 часот во близина на границата со Република Грција, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица-железнички премин затекнале четири лица од Народна Република Кина за кои од извршените проверки било констатирано дека немаат остварен легален влез на граничен премин во државата, извести МВР.


– Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен поднесок по член 147 став 1 од Закон за странци, односно незаконски престој во Република Северна Македонија, соопшти МВР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK