Проф. Најчевска: Време е да пуштиме вода во шољата

najchevska
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ме прашуваат дали е нормално ова што го прават етничките Албанци во Македонија (националистичката еуфорија, крадење на се што ќе дојде до рака, уништување на јавното добро, криминализација на политиката) .

Јас велам – да.


Кога се осамостојуваше Македонија и кога власта доминантно ја зедоа етнички Македонци, учени-недоучени пилиштарци кои функцијата ја разбраа како отворен повик за крадење и кога сиот општетсвен и државен имот го ставија на добош и преку ноќ директорчињата станаа сопственици на цели претпријатија и ланци од продавници и згради и парцели, и кога почнаа да измислуваат сопствена историја во која бесмисолот се калемеше на апсурдот, тоа беше првиот бран на уништување.

И тие станаа господари.

Сега етничките Албанци мислат дека им е ним редот да градат некоја фантасмагорична историја во која криминалите стануваат херојства, а примитивизмот доблест, кога можат да крадат, мамат, прават малверзации од позиција на власт.

И да бидат господари.

Проблемот е само во тоа што ни на едните ни на другите не им е местото на крајот на 20 век и почетокот на 21.

И едните и другите се заостаток од 18 и 19 век кој дебело се усмрдел чекајки ги своите 5 минути.

Време е да пуштиме вода во шољата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK