Ал Итиахад го донесе наследникот на Нуно Еспирито Санто. Ѕвездите кои ги предводи Карим Бензема ќе ги тренира еден од најдобрите аргентински тренери, Марсело Гаљардо.
Гаљардо беше на долг однор до преземањето на Ал Итихад, но одлучи дека сега е вистинско време да се врати на тренерската работа.
Тој до крајот на неделата ќе отпатува за Саудиска Арабија каде ќе потпише договор со својот нов клуб.
Главна задача за Гаљардо ќе биде Ал Итихад да игра на Светското клупско првенство.
Тој ќе потпише договор на 18 месеци, со опција за продолжување на договорот за уште 18 месеци доколку двете страни бидат задоволни.