Судскиот совет избра осум судии за Апелацискиот суд Скопје, од кои четворица од кривичната и четворица од граѓанската област.
Нови апелациски судии од кривичната област се Габриела Гајдова, Александра Ристевска, Весна Димишкова и Осман Шабани, а од граѓанската област Александар Шопов, Ирена Костадиновска Ангелова, Наталија Донева и Илир Сулејмани.
Се работи за прв избор за второстепен суд спроведен врз основа на новата методологијата.
Иако прворангиран на конечната ранг листа за судии од кривична област, судијата Лазар Нанев, од Основниот суд Кавадарци, не беше избран за апелационен судија. Тој доби 4 гласа “за” и 8 гласа “против” од членовите на Судскиот совет.