Газа останува без интернет и сигнал: Израелската инвазија на болницата најави целосен хаос

Газа-останува-без-интернет-и-сигнал-Израелската-инвазија-на-болницата.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Двете главни телекомуникациски компании во Газа, Палтел и Џавал, предупредија на „целосен прекин на телекомуникациите во следните часови“ во Појасот Газа.


„Главните трафостаници и прекинувачи во Појасот Газа постепено се гасат поради недостиг на гориво“, пренесува Ројтерс во заедничкото соопштение на компаниите.

ОН соопштија дека нивните камиони со помош не можат да испорачаат залихи поради недостиг на гориво од вторникот наутро.

Горивото е потребно и за болниците, пекарите, генераторите на електрична енергија и пумпните станици во Газа, но Израел со недели ги блокира испораките, тврдејќи дека Хамас може да го украде, наведува Би-Би-Си.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK