Катаклизма на едниот крај на светот, пекол на другиот: Во Бразил на сила црвен метео тревог, температурата надмина 50 степени

2023-година-на-пат-да-стане-најтоплата-досега.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во речиси 3.000 бразилски градови и населени места во сила е црвен метео аларм поради екстремните горештини, јавува „Би-Би-Си“.


Температурата достигна рекордни височини во областите околу градот Рио де Жанеиро, каде што надмина 52,5 степени Целзиусови.

Повеќе од сто милиони луѓе се погодени од горештините, а овој топлотен бран ќе трае до петок, 17 ноември. Надлежните веруваат дека оваа топлина е дел од феноменот „Ел Нињо“ и последица на климатските промени.

Националниот институт за метеорологија објави дека просечната температура во Сао Паоло е 37,3 степени Целзиусови.

Институтот прогласи црвен аларм за голем дел од земјата, што значи дека температурата е над просекот за пет степени Целзиусови повеќе од пет дена и претставува опасност по здравјето на луѓето.

Екстремните временски услови стануваат се почести и поостри ширум светот поради климатските промени, јавува Би-Би-Си.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK