Општина Аеродром продолжува со активностите во чии рамки учениците се запознаваат со работењето на локалната самоуправа. Како што соопштуваат, преку ваквите посети тие се запознаваат со работењето на општината, а нивните идеи и забелешки се добра основа за креирањето на политиките во иднина.
„Денес градоначалникот Тимчо Муцунски во просториите на општината ги прими учениците од основното училиште „Лазо Ангеловски“ кои имаа можност одблиску да се запознаат со работењето на општината. Притоа тој ги запозна со секојдневните обврски на градоначалникот, неговиот тим и администрацијата, актуелните проекти и активности насочени за децата, младите и целокупното унапредување на образовниот процес.
Денешната средба и интересот кој тие го покажаа, говори за тоа дека преку секојдневните активности и континуитетот во информирањето, успеваме општината да ја отвориме за јавноста, да ја доближиме до граѓаните и да ја направиме вистински сервис за сите кои живеат во Аеродром“, известува општината.