Камион удри во училиштен автобус во САД, има загинати и повредени

Камион-удри-во-училиштен-автобус-во-САД-има-загинати-и.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најмалку шест лица загинаа, а 18 се повредени во вторникот во сообраќајна несреќа во централниот дел на американската сојузна држава Охајо, а меѓу жртвите има и тројца тинејџери, јавува „Еј-би-си њуз“.


Во несреќата учествувале пет возила – автобус кој превезувал средношколци, две службени и две приватни возила. Најмалку три возила се зафатени во пламен, соопшти полицијата.

Според локалните медиуми, камионот удрил во училишен автобус.

Автобусот превезувал ученици од локалните училишта, изјави гувернерот на Охајо, Мајк Дивајн.

„Дозволете ми да кажам, ова е најлошиот кошмар, кога ќе имаме автобус полн со деца во несреќа“, изјави Дивајн.

Претседателката на Комитетот за безбедност на Министерството за транспорт, Џенифер Хоменди, рече дека зад автобусот имало теренско возило со патници, кои биле дел од училишна група.

Тројца патници од автобусот биле прогласени за мртви на местото на настанот – двајца тинејџери на возраст од 18 години и еден на возраст од 15 години, соопшти Сообраќајната полиција на државата Охајо. Возачот на автобусот и 15 ученици се пренесени во блиските болници.

На лице место биле загинале и тројца сопатници во еден од автомобилите, на возраст од 56, 39 и 45 години.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK