Четворица крадци, меѓу кои две деца ограбиле маркет во Велес, полицијата ги фати

Четворица-крадци-меѓу-кои-две-деца-ограбиле-маркет-во-Велес.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полицијата вчера ги приведе С.Џ.(19) и 35-годишната М.М., двајцата од Велес. Тие се сомничат дека заедно со малолетничка од Скопје и малолетник од Велес во текот на денот од продажен објект во Велес одзеле повеќе предмети.


„С.Џ. и М.М. се приведени во полициска станица, а со малолетниците, во присуство на нивните родители, бил извршен службен разговор“, велат од МВР.

Одземените предмети биле пронајдени и ќе бидат вратени на сопственикот.

За настанот бил известен јавен обвинител и по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK