Светската здравствена организација (СЗО) објави дека болницата „Ал-Шифа“, најголемата во Газа, речиси е претворена во гробишта бидејќи околу болницата има тела кои не можат да се однесат во мртовечници или да се закопаат.
Портпаролот на СЗО, Кристијан Линдмајер, изјави дека околу 600 лица останале во болницата, пренесува Би-Би-Си.
Директорот на болницата Мохамед Абу Селмија изјави дека поради тоа што израелските власти се уште не дале дозвола телата да бидат транспортирани од болницата за да бидат погребани, кучињата влегле во болницата и почнале да ги јадат труповите, пренесуваат медиумите.