Менаџерот на Брајтон, Роберто Де Зерби истакна дека има голем проблем со судењето во Премиер лигата.
Неговиот тим минатиот викенд одигра нерешено 1:1 со Шефилд јунајтед, а Брајтон натпреварот го заврши со десетмина поради црвен картон.
„Да бидам искрен, не ми се допаѓаат 80 отсто англиските судии. Не ми се допаѓа како се однесуваат на теренот. Англија е единствената земја каде кога ќе се употреби ВАР-технологијата, не можете да бидете сигурни дека одлуката е точна.
Во други земји, морате да бидете сигурни дека одлуката на ВАР е исправна. Во Англија не е така, тоа не можам да го разберам“, изјави Италијанецот.