Ковачевски-Џентолини: Макрофинансиска помош од 100 милиони евра за Северна Македонија и силна поддршка за членство во ЕУ

Ковачевски-Џентолини-Макрофинансиска-помош-од-100-милиони-евра-за-Северна-Македонија.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски во рамки на учеството на Виенскиот Економски форум оствари средба со еврокомесарот за економија Паоло Џентолини.


Еврокомесарот ја потенцираше поддршката за Северна Македонија за членство во ЕУ. Тој истакна дека обезбедена е макрофинансиска помош за Северна Македонија од 100 милиони евра.

„Процесот на пристапни преговори ќе значи и зголемена финансиска поддршка за Северна Македонија“, истакна на средбата еврокомесарот за економија Џентолини.

Премиерот Ковачевски и еврокомесарот Џентолини разменија ставови во врска со реализацијата на приоритетните проекти на Северна Македонија во рамки на Економско-инвестицискиот план за Западен Балкан. Двајцата соговорници истакнаа дека тоа ќе значи стимул за економски раст со фокус на инфраструктура, дигитализација, енергетско и транспортно поврзување на Северна Македонија како и на другите земји од регионот.

Премиерот Ковачевски на средбата истакна дека европската интеграција е стратешка цел на Северна Македонија, и Владата е силно посветена на реформите, продлабочување на регионалната економска интеграција и развој на заеднички регионален пазар врз основа на законодавството на ЕУ со цел да се направи регионот поатрактивен за инвестиции.

Соговорниците разменија ставови и за Планот за раст за Западен Балкан кој е силен поттик на процесот на евроинтеграциите на регионот, со што ќе се зголеми двојно обемот на економијата на регионот и во земјата.

На средбата двајцата соговорници истакнаа дека европската интеграција за Северна Македонија ќе значи темелни промени и усогласување на економските и правните рамки со законските регулативи и со политиките на ЕУ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK