Го запре Манчестер сити, па доби повик во националниот тим

Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерот на Челзи, Кол Палмер, е награден со повик во тимот на Англија А, еден ден откако реализираше пенал за својот тим против Манчестер сити и ги постави конелните 4:4.


Палмер е повикан за претстојните квалификации за Европското првенство, против Малта и Македонија, откако Џејмс Медисон, Калум Вилсон и Луис Данк отпаднаа поради повреди.

Покрај, Палмер, селекторот Герет Саутгејт ги повика и фудбалерите на Манчестер сити и Астон Вила, Рико Луис и Езри Конса.

Палмер е во импресивна форма откако ова лето пристигна во Челзи од Сити за 47 милиони фунти. На 11 настапи постигна четири гола, последниот вчера против својот поранешен клуб во 95. минута од пенал.

Англија веќе се пласираше на Европското првенство. Избраниците на Герет Саутгејт во петок играат против Малта, а следниот понеделник против Македонија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK