Петмесечното бебе, кое почина од глад во Унгарија, наводно било болно и не се здебелило, според тврдењата на нејзината баба.
Детето било пронајдено без знаци на живот во својот кревет утрото на 11 ноември, а некои медиуми објавија дека имало само 3 килограми. Се верува дека детето умрело од глад, а полицијата покренала истрага за убиство од небрежност, според написите во медиумите во регионот.
Бабата на починатото девојче тврди дека мајката се грижела за неа, но дека бебето не напредувало.
„Целото семејство е очајно поради тоа што се случи“, вели бабата.
Таа раскажува дека детето било пронајдено мртво во лулката.
Бабата тврди дека детето било правилно хрането, но дека не се дебелеело. Била променета и дополнителната исхрана и како што кажала, детето било носено на лекар.
„Го менувавме млекото, ја храневме, но не напредуваше. Тешко ни беше што не се дебелее како другите деца. Имаше пет месеци, а изгледаше како новороденче”, рекла бабата.
Соседите велат дека се работи за семејство кое живее скромно. Наводно, под еден покрив живеат 12 лица, од кои пет деца.
Градоначалникоткаде што почина девојчето изјави дека на семејството му е помогнато.
Куќата ја направивме безбедна, изградивме ограда, капија, донесовме струја, дадовме градежен материјал, и други дадоа градежни материјали, мебел колку што знам, но и облека, опрема за чистење“, рече Ференц Козка.
Од Центарот за социјална работа потврдија дека мајката на починатото бебе има уште две деца, кои се привремено преместени и ги чува нивната прабаба.
Резултатите од обдукцијата се очекува да бидат објавени денеска, за да се утврдат точните причини за смртта.
Во овој момент не се потврдени тврдењата на бабата дека детето навистина било однесено на лекар, пишуваат регионалните медиуми.