Foto/ facebook.com/rkalkaloid
Ракометарите на Алкалоид, утре ќе го пречекаат претставникот на Данска Бјерингбро-Силкеборг во Лигата на Европа на ЕХФ.
Дебитантот на европската сцена, Алкалоид, во првите две кола доживеа пораз на домашен терен од Војводина и одигра нерешено против Ла Риоха во Шпанија. Данскиот тим има победа над Ла Риоха и пораз од Војводина.
„Нашата публика ќе има можност да гледа еден квалитетен натпревар меѓу две екипи кои играат модерен ракомет. Очекувам тврд и силен меч. Фаворитската улога им ја препуштаме на гостите, тоа е реалноста, но ние ќе гледаме да се поставиме добро и ако ни се укаже шанса да го искористиме моментот и да стигнеме до позитивен резултат “, рече на прес-конференцијата тренерот на Алкалоид, Кирил Лазаров.
„Тактички сме добро подготвени за противникот. Ако одиграме најдобро што знаеме, верувам дека можеме да стигнеме до позитивен резултат. Ќе ни биде потребна и поддршка од македонската публика“, се надоврза Иван Џонов.
Натпреварот меѓу Алкалоид и Бјерингбро-Силкеборг е закажан за вторник од 18:45 часот во СЦ „Јане Сандански“