Возачот на Дукати, Енеа Бастианини, триумфираше на Големата награда на Малезија, 18-та трка од овогодинешниот шампионат во Мото ГП.
Италијанецот славеше откако водеше од стартот до целта, а на патеката Сепанг ја забележа првата победа на фабрички Дукати, а петта во кралската класа. Бастианини блесна токму кога се појавија шпекулациите дека тој би можел да го напушти Дукати, апоточно да ги заменат тимовите со Хорхе Мартин.
Најблиску до Бастианини беше победникот во саботниот спринт, Алекс Маркез, кој заостана околу секунда и половина, додека трет беше Франческо Бања на вториот фабричка Дукати.
Сега единствениот ривал на Бањаја во трката за титулата, Хорхе Мартин, беше четврти, што значи дека разликата меѓу двајцата се зголеми на 14 поени во корист на Италијанецот на две трки до крајот на сезоната.
Следната трка од Мото ГП шампионатот се вози следниот викенд за Големата награда на Катар