Фудбалерите на Пари Сен Жермен убедливо го совладаа Рамс со резултат 3:0 (1:0) во натпреварот од 12. коло на француската Лига 1.
Трите гола за „светците“ ги постигна Килијан Мбапе, но играч на мечот е голманот Џиџи Донарума кој имаше пет брилијантни интервенции.
Мбапе головите ги постигна во третата, 59. и 82.минута.
Со вој триумф ПСЖ ја презеде челната позиција на табелата од Ница. По 12 рунди ПСЖ има 27 бода, еден повеќе од Ница која вчера ремизираше во Монпелје 0:0.