ДУИ за извештајот: Земјата ги исполнува условите да продолжи на патот кон Европската Унија

ДУИ-за-извештајот-Земјата-ги-исполнува-условите-да-продолжи-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Демократската унија за интеграција го поздравува извештајот на Европската комисија.


Од партијата велат дека овој извештај, и покрај опструкциите и блокадите од опозицијата, како и енергетските, безбедносните и финансиските кризи, е потврда дека земјата ги исполнува условите да го продолжи патот кон членството во Европската Унија.

„Според извештајот на ЕК, постигнат е напредок до 81 отсто од поглавјата и нема назадување во ниту едно поглавје, а што се однесува до подготвеноста на поглавјата има соодветно ниво на подготвеност до 90 проценти“, велат од ДУИ.

Владејачката партија смета дека во извештајот, Европската комисија јасно укажува дека главните пречки за напредок се опозициските партии кои ги блокираат уставните измени и европскиот пат на земјата.

Според нив, забележан е голем напредок и поради фактот што Европската Унија го објави пакетот за проширување на унијата и планот за раст на економиите на Западен Балкан и со овој план нашата земја има една милијарда евра на располагање. По пет месеци, велат од ДУИ, ќе го имаме првиот трансфер од овој нов Пакет.

Демократската унија за интеграција апелира до сите политички чинители, академскиот свет, граѓанското општество и медиумите да придонесат земјата успешно да го заврши новиот најголем предизвик од независноста, бидејќи, како што велат, нема друга алтернатива за поперспективен живот за сите нас.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK