СДСМ: ДПМНЕ за 2 години не направи ништо во 40 општини, резултати нула

СДСМ-ДПМНЕ-за-2-години-не-направи-ништо-во-40.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

После 2 години од мандатот на ДПМНЕ како локална власт во над 40 општини во државата јасно е дека градоначалниците од ДПМНЕ не ја оправдаа довербата и не го испорачаа она што го ветуваа пред граѓаните, велат од СДСМ.



Партијата преку соопштение тврди дека на половина од мандатот резултатот на локалната власт на ДПМНЕ е нула.

„Проектите кои ги ветуваа не се реализирани, изборните програми на градоначалниците на ДПМНЕ останаа лажни и нереализирани ветувања.

За 2 годиини ДПМНЕ ги изневери граѓаните и удри по нивниот џеб со поголеми сметки за данок на имот и до 300%, но и за ѓубретарина, вода, комунални услуги.

Тоа е поразителниот заклучок после 2 години локална власт на ДПМНЕ.

Власт за ДПМНЕ значи уназадување и поголеми сметки за граѓаните“, се вели во соопштението.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK