Меси го испофали во 2020 година, сега реши да игра за Аргентина

Меси-го-испофали-во-2020-година-сега-реши-да-игра.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пабло Мафео (26) реши да го смени спортско државјанство. Фудбалерот кој играше за младинските селекции на Шпанија, реши во сениорската конкуренција да го облече дресот на Аргентина.


Аргентинците чекаа потврда дека документацијата ќе биде решена навреме за Мафео да дебитира за нивната репрезентација овој месец. Мафео има право да игра за Аргентина бидејќи неговата мајка е од оваа држава.

Мафео игра на позицијата десен бек, интересно е што потекнува од школата на Манчестер Сити, за „граѓаните“ има одиграно три натпревари. Играше и за Штутгарт, а поголемиот дел од кариерата го помина на позајмица во Џирона, Хуеска и Мајорка.

Во летото 2022 година Мајорка го купи од Штутгарт за три милиони евра.

Интересно, во едно интервју од 2020 година, Лионел Меси го нарече најтешкиот противник со кој се соочил.

„Најтежок беше Пабло Мафео од Џирона Никогаш не се жалев, но тој дуел беше жесток“, изјави Меси.

За нивниот дуел зборуваше и Мафео. „Меси ми рече: „Ти си со мене цел ден“, а јас му одговорив: „Ти си најдобар на светот, нема да те оставам на мира. Бевме еден до друг цел натпревар,ме праша други работи Тој е добар човек.“ се сеќава тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK