Хамас киднапира роднина на српскиот амбасадор

Хамас-киднапира-роднина-на-српскиот-амбасадор.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Меѓу повеќе од 240 заложници кои Хамас ги држи во Појасот Газа од 7 октомври, има и роднина на српскиот амбасадор во САД, Марко Ѓуриќ.



Ѓуриќ откри дека неговиот братучед е Алон Охел кој има двојно израелско-српско државјанство, објави „Б92“.

Највисоките српски функционери недвосмислено го осудија терористичкиот напад на Хамас врз Израел, потсети Ѓуриќ.

Тој рече дека Србија со голема загриженост го набљудува порастот на различните облици на антисемитизам по конфликтот во Газа и истакна дека во Србија антисемитизмот не само што е многу редок, туку се појавува исклучиво како лошо однесување на поединци.

„Нема културни предрасуди кон Евреите. Напротив. Ако можеме да генерализираме, на Евреите се гледа со почит и како на браќа и сестри во страдањето“, истакна Ѓуриќ за израелскиот весник.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK