(Видео) Мајка случајно го прегазила својот син во Белорусија додека тој влегувал во автомобил

Видео-Мајка-случајно-го-прегазила-својот-син-во-Белорусија-додека.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пред неколку дена во селото Копис кај Минск, Белорусија, мајка со својот автомобил си го прегазила својот петгодишен син. Локалната полиција објави снимка од надзорните камери кои го покажуваат ужасниот момент како предупредување до родителите.



На почетокот на видеото момчето стои до задната врата на автомобилот. Додека тој се обидува да влезе во него, мајка му вози, а во следниот момент тој паѓа на подот и задното тркало од автомобилот го прегазува. Кога мајката забележала дека тој лежи на подот, излетала од автомобилот, но заборавила да закочи.

Возилото застанало откако удрило во ѕид од станбена зграда додека во автомобилот седело второто дете на жената. Момчето со бројни повреди било пренесено во болница каде му е укажана потребната лекарска помош.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK